jk travel naslovna

ЈК Травел е новиот стратешки партнер на СОС детско село

Од секој уплатен аранжман ќе бидат донирани средства во СОС Детско село за децата кои се згрижени во оваа организација да имаат поквалитетен живот, потенцираа од Агенцијата ЈК Травел кои официјално го потпишаа договорот со СОС Детско село за кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира“ која ќе трае до 22 јуни 2023 година.

  • Секоја донација за нас е важна и потребна за обезбедување на квалитетна грижа и поддршка за 460 деца кои мометално се со подршка од СОС Детско село. Партнерството и соработката со ЈК Травел е показател за агенција со визија за општествена одговорност, така што сите средства ќе бидат наменети за потребите на децата, а сите одвоени средства со купувањето на летен аранжман во Агенцијата, кај нас менува животи, вели Рахела Евтимова, експерт за коорпоративни партнерства од СОС Детско село.
jk travel

Кампањата ќе трае до 22 јуни годинава, а ЈК Травел планира да организира тим билдинг заедно за вработените и со децата, ќе засадуваат дрвја и ред други активности, бидејќи според нив секој детски сон заслужва да се оствари.

  • Навистина сме среќни како туристичка агенција што започнавме со кампањата и години наназад сме општествено одговорни. Токму со оваа кампања сакаме да бидеме пример и за останатите компании секогаш да им даваме поддршка на оние кои им е најпотребно. Со кампањата сакаме да ги поттикнеме вистинските вредности кај луѓето, колку е важна вистинската грижа за другите, во овој случај поточно грижата на децата и младите без родители и родителска грижа да имаат топол дом, да растат во семејство, да бидат среќни, да имаат среќно и безгрижно детство, така што ајде заедно да го сториме тоа преку „Ти летуваш, ЈК Травел донира“, потенцираше Елизабета Кочева – Јосифовска од туристичката агенција ЈК Травел.

СОС Детско село веќе 20 години е посветено на грижа на деца и млади без родители и родителска грижа, од таму и потребата на ЈК Травел се вклучија за да ги поддржат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…