sveti kliment

Свети Климент Охридски е ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, каде му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид, свети Климент му подигна црква на свети Пантелејмон. Имаше голем број ученици кои ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше свети Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. По големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Неговите чудотворни мошти долги години почиваа во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој подоцна се нарече и свети Климент, а во 2002 година беа пренесени во обновената црква на Плаошник каде што почиваат денес.

08 121
Неблагодарници: Луѓето не ги забележуваат работите што ги правиме за нив додека не престанеме да ги правиме
Неблагодарните луѓе може да бидат голем предизвик за справување, а разбирањето на …
Не ги мрази сите рози затоа што една те изгребала
Лудост еда ги мразиш сите розизатоа што една те изгребала со трнот,да …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…