Денеска во амфитеатарот на Факултетот за информациски и комуникациски технологии во Битола, се одржа промоција на колекција на книги од авторот Николче Костовски кои имаат поврзаност со менаџментот во спортот, здравата исхрана кај спортистите, скаутингот.

sp 6
sp naslovna

Авторот на книгите, Николче Костовски истакна дека идејата е да се помогне на секој кој е вклучен во ракометот во Македонија.

sp 5

Содржински, оваа колекција е создавана 20 години и со последната книга се докомплетира. Идејата е да се помогне работењето на секој кој е вклучен во ракометниот спорт и генерално во спортот во Македонија. Колку ќе биде користена и колку ќе има позитивни и негативни критики зависи од корисницитe. Голем дел од луѓето се трудат да ги применат, но во зависност од условите.

sp 7

Еден од рецензентите на книгите, проф. д-р Влатко Неделковски, од Факултетот за физичко образование во Скопје, на денешната промоција рече:

sp 4

Многу се ретки на глобално ниво ваквите стручни трудови во делот на ракометот, а не па во Македонија во исто време да промовираме 6 книги. Капа долу за Никола, она што го прави низ годините, сето негово искуство, знаење на проблематиката да го стави на хартија и да го има храброст да го објави, да го стави на оцена на стручната и на ракометната јавност која кај нас е строга и со високи очекувања.

sp 10

Како рецензент се јавува и ракометниот стратег Гино Стрезовски. На прашањето како го оценува менаџментот во спортот, Стрезовски рече:

sp 3

Кај нас има менаџментот ако клубот има пари, на тоа ниво сме се уште, но еве имаме два клуба Еурофарм Пелистер и Вардар кои влегуваат во таа приказна каде се почитува менаџментот, каде почнува да се менаџиираат вистинските вредности, на играчите, екипата, градот, на спортската сала. Повеќе пати имам кажано, срамота е една Битола да нема сала, не е она сала. Да доаѓаат екипи од светски ранг, од аеродром да возат 3 часа и да дојдат во онаа сала. Да нема Битола сала за 5000-7000 гледачи тоа е срамота за цела Македонија, како што е развиен ракометот во Битола.

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…