Чоколадо со џимиринки? Иако на почетокот тоа беше само првоаприлска шега, сега тоа е реалност. Краш произведе ограничена серија Дорина чоколади со џимиринки откако многу луѓе коментираа дека би сакале да јадат.

Оние кои коментирале на социјалните мрежи биле воодушевени од идејата, па затоа од компанијата решиле да произведат ограничена серија чоколадa со џимиринки.

-Баравте, добивте! Дорина Чварак е навистина тука! Поради големиот број на позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму – пронајдете го лимитираното издание Дорина Чварак од сабота 30.4. во Kraš Choco & Café на главниот плоштад во Загреб – напишаа во објава на Фејсбук.

Од Краш ги израдуваа и сите оние кои позитивно коментирале на оваа првоаприлска шега, што им дало мотив на компанијата навистина да го произведе ова невообичаено чоколадо. Сите оние кои што одговориле дека сакаат да пробааt Дорина со џимиринки, ќе добијат по еден примерок.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…