По повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна – Битола, распишува

НАГРАДЕН КОНКУРС

„ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ”

слободна тема посветена на Народноослободителната борба на Македонија

Конкурсот е наменет за ученици од основните училишта од IV – IX одделение од Општина Битола.

1. Конкурсот е наменет за лични творби (проза или поезија), а истите треба да бидат доставени од 05.09.2022 – 25.09.2022

2. Личните творби треба да бидат потпишани со ПСЕВДОНИМ

3.  Творбите да се доставуваат со назнака НАГРАДЕН КОНКУРС „ ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ”

– по пошта:  ОО на Сојуз на борци-Битола, ул. „Маршал Тито” бр. 89, Битола

– E-mail: sbmbitola@gmail.com (во ворд или пдф формат)

– лично: во просториите на ОО на Сојуз на борци-Битола, ул. „Маршал Тито” бр. 89 секој работен ден од 09:00ч – 12:00ч

* личните творби е потребно да бидат испечатени на А4 формат

Конкурсната комисија ќе избере три најдобри творби што ќе бидат наградени во износ од  по 3000 денари.  Со наградените ученици награда добиваат и наставниците во износ од 2000 денари. 

Награди за ученик или ученичка и наставник за категорија IV-V одделение

Награда за ученик или ученичка и наставник за категорија VI-VII одделение

Награда за ученик или ученичка и наставник за VIII-IX одделение

Наградите на учениците ќе бидат доделени на 11 октомври 2022 година, локацијата ќе биде дополнително објавена.

Наградниот фонд е обезбеден од средства на Општина Битола.

    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Три натпревари и многу насмевки: „Младост“ гостуваше кај „Едесаикос“
    Изминатиот викенд младите кошаркари и кошаркарки на КК „Младост“ – Битола гостуваа …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…