Бавно, но сигурно се рушат стереотипите кои се бетонирани во општеството кои се однесуваат на децата и возрасните кои се соочуваат со интелектуална или физичка попреченост, така што им се дава јавен простор за искажување.
Настанот „Со свесност до поинаквост“ организиран од „Рилука“ – Здружение на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни Битола кој вчера и денес се реализира во битолската Магаза со почеток од 17 часот, каде ликовни уметници од повеќе градови од Македонија учествуваат со свои единствени дела од продажен карактер за поддршка на инцијативата за отворање на инклузивна игротека во Битола.
Различностите е потребно да ги спојат луѓето, да размислувааат едни за други.
Настанот го збогати настапот на младите актери од театарската школа „Бабец“ од Битола, уште едно катче каде се негуваат различностите и каде децата од мали нозе учат да прифаќаат, а всушно тоа е и една од целите на уметноста – соединување.
Уметниците отсекогаш биле поддржувачи и двигатели во општеството, затоа што умеат да ја почувствуваат општествената фреквенција.