Ако по нешто треба да ја одбележиме минатата година како музичка и градска вест, која за кратко време стана атракција, тоа е поп рок хорот “BitVox”. Создаден во музиката фабрика на Марина Коруновска и Александра Ристевска, собра пред се ентузијасти, обични луѓе од различни професии и афинитети кои ги поврза огромната пасија кон пеењето. Една година подоцна, за нив се бара карта повеќе, а секој нивни настап е терапија за душата.
Синоќа со хуманитарен концерт „Со музика, за музика” во поддршка на матичната куќа, ДМУ – Битола, го прославија својот прв роденден во Свечената сала на Офицерскиот дом, КИЦ Битола.
Поради големиот интерес за првиот концерт на Поп Рок хор “BITVOX”, ќе се одржи и втор донаторски концерт на 11.04.23 ( вторник) во 20.00 КИЦ – Офицерски дом – Битола
Собраните средства ќе бидат наменети за збогатување на инструментариумот на Државното музичко училиште – Битола