Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од Битола, проекти за кои овие млади луѓе се потрудиле и својата визија ја преточиле нацртана на хартија со надеж дека во иднина ќе стане реалност.

Сања Лазаревска од Битола е магистриран архитект на Архитектинскиот Факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје, која за својот магистерски труд се одлучи да го реконструира „Копанки”, водејќи се од помислата дека Пелистер е огромно богатство и вистинска туристичка атракција, во која вреди да се вложува, со цел да се врати сјајот и да се истакне убавината со која располагаме, која останала со години запоставена.

На Копанки му е потребен дом, во кој не само што ќе уживаат жителите на Битола, туку и туристите кои обожаваат одморите да ги поминуваат во планина и на планински воздух. Домот на Копанки, според она што можеме да го видеме од проектот на Лазаревска, ќе претставува украсна точка за одмор, уживање, привлекување кон убавините со кои располага Пелистер и атракција за туристите.

sanja
Моменталната состојба на Копанки

Домот ,,Копанки”, кој пред 10 години настрада во пожар, добива повторно живот во овој магистерски труд, кој се стреми, во глобала да ја задржи постоечката конструкција, за да ја развие сентименталноста, односно истиот објект да потсетува на некогашните времиња, кога Домот се уште беше во функција. Постоечките камени ѕидови се задржани за да го симболизираат некогашното постоење на објектот, но тие немаат никаква друга улога во проектот, туку служат како музејски експонат во природата.

sanja 1
Анализа на оштетување и сочуваност

,,Ни треба засолниште, да се стоплиме со планинско чајче во зимските периоди, ни треба простор во кој би правеле пауза од скијањето или пак после долгото, летно пешачење до Видиковец. Со оживувањето на планинарскиот дом Копанки, ќе живне и Битола, но и регионот” – вели Сања за Читај бе.

sanja 2
Основа на приземје
sanja 3
Основа на кат

Надворешните ѕидови на Домот ,,Копанки” остануваат непроменети, а во внатрешноста ќе може да се забележи современиот бондручен систем, кој го креира Сања, а истиот ќе претставува и новата конструкција, на која ќе се држи самиот објект.

sanja 4
Аксонометрија

,, Карактеристично за секој кат е тоа што има засебен простор за дружба, социјализација и заеднички тоалети и тушеви. Како нова намена, која се појавува е изложбениот простор, се развива по вертикала и погоден е за изложување на фотографии од Копанки, уметнички творби и дела со најразлина тематика. Со тоа, секој посетител би имал можност подетално да се запознае и да ја осознае историјата и убавината на Пелистер” – објаснува Сања Лазаревска.

Секоја од фасадите ги следи веќе постоечките отвори, од постоечките камени ѕидови и по вертикала и по хоризонтала, со цел да се развие еден ист ритам и хармонија.

Надворешен изглед на Домот Копанки, според проектот на Лазаревска

sanja 5
sanja 6
sanja 7
meblo trejd raboti
jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…