Започнуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од Битола, проекти за кои овие млади луѓе се потрудиле и својата визија ја преточиле нацртана на хартија со надеж дека во иднина ќе стане реалност.

Сара Мицевска од Битола е магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје, а за својот магистерски труд вели дека е непресушен бунар од можности, на кој може да се работи. Темата на магистерската теза се состои од репроектирање на градби, места и простори, а поконкретно Сара, работеше на репроектирање на локација во градот Битола, која ја нарече ,,Центар за посетители”. Географската поставеност на проблемското подрачје, зазема значајна функција како јадро, се наоѓа во подножјето на Тумбе Кафе и претставува крајна точка на најпрометната улица на градот – Широк Сокак, која е поврзана со самиот градски парк и се наоѓа во непосредна близина на античкиот град Хераклеја Линкестис.

1

Фотографија од моменталната состојба на локацијата

Локацијата наменета за изградба на ,,Центарот за посетители” во проектот на Мицевска, содржи богато културно наследство кое датира уште од 1900 година, па затоа ќе го симболизира поврзувањето на современата архитектонска форма со историјата на самиот град. Сара, со својот проект, сугерира на заштита на културното наследство и континуитет на урбаниот сегмент во рамките на градот Битола. Неоспорно е оживувањето на самата локација, новиот идентитет, кој го добива истата, а значајна е и пораката, односно фактот дека истата е наменета за нова, атрактивна, почетна точка, која би ја подобрила инфраструктурата на Битола.

2

Географската поставеност на проблемското подрачје

3

Основа на приземје

,,Препознавање на потенцијалот на недвижното културно наследство, кое ќе биде реинтерпретирано во урбаниот сегмент на градот. Поконкретно, темата на мојата магистерска теза е „Репроектирање на градби, места и простори“. Преку бројни консултации со мојот ментор, проф. Д-р. Јован Ивановски одлучивме да работиме на локација во градот Битола.” – – вели Сара Мицевска за Читај бе.          

Процесот на проектирање, планирање и реализирање на самиот проект, се состои од четири фази, и тоа, рушење на сите непотребни објекти и реставрација на недвижното, културно наследство, потоа следува создавање на чиста површина, која е предмет за креирање на новата програма. Во третата фаза се задава зоната во која ќе се проектира новата програма, односно центар за посетители, хотел и ресторан. Четвртата и последната фаза, опфаќа развој на просторната композиција на новата архитектонска интервенција. Се создава нов идентитет на градот, каде со употреба на современиот архитектонски јазик, материјална искреност и апстракција, се постигнува допир помеѓу стариот и новиот архитектонски фрагмент.

4

Фази на проектирањето

,,Донесен е заклучок на нерамномерно проширување на магацински простор и помошни објекти. Локацијата го губи своето првобитно значење во урбаниот сегмент, а за таа цел предвидено е рушење на сите помошни објекти и реставрација на недвижното културно наследство” – конкретизира Сара Мицевска.

5

Внатрешен рендер од ,,Центарот за посетители”

6

Ресторан со поглед кон Тумбе Кафе

7

Надворешен изглед на ,,Центарот за посетители”

8

Визура кон јавен простор

9

Визура кон реставрирана фасада на Битолското Ислахане

meblo trejd kvaki
jk hurgada
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…