Здружението за Ромско-турско пријателство „Ромско јато“ од Битола на поинаков начин го одбележа Светскиот ден на Ромите, 8-ми Април. Во малата сала на Центарот за култура се читаше поезија, а посебен акцент беше ставен на ромската поезија.

роми 1

Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се сретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот. Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година ќе се одбележува во целиот свет.

роми 4
роми 3
роми 2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…