z1

На меѓународниот меморијален турнир во чест на Игор Лазаров, кој се одржа на 29.11.2025 година (сабота) во ООУ „Антон Димитров“ – населба Бутел, учествуваа 759 натпреварувачи од 15 држави. К.К. „Заншин До“ – Битола се врати дома со вкупно 6 медали: едно злато, две сребра и три бронзи.

Златен медал во ката тим кадети/јуниори – мажи освоија:
Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски.

Сребрен медал во ката тим кадети/јуниори – жени освоија:
Леона Алиловска, Елена Јончевска и Емилија Илковска.

Дополнително, Елена Јончевска освои и индивидуален сребрен медал во ката јуниори – жени.

Бронзени медали освоија:

  • Емилија Илковска – ката јуниори жени
  • Давид Стојчевски – ката јуниори мажи
  • Михаил Марковски – ката јуниори мажи

Тренерот изрази огромна гордост од успехот, истакнувајќи дека катите бараат долгогодишна работа и посветеност. „Сите овие такмичари тренираат по 10–12 години секојдневно, и полека, но сигурно, целта се постигнува. Не застануваме тука – продолжуваме со подготовки за нови предизвици.“

z4

Следната дестинација за клубот е Европското првенство во Лимасол, Кипар, кое ќе се одржи од 06 до 08 февруари 2026 година.

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…