395366093 294979910016838 7935023589312117139 n

NTC систем и NTC Скопје организираат еднодневен семинар на Д-р Ранко Рајовиќ во Битола на 15.11.2023 кој ќе се одржи во битолската библиотека.

Семинарот е наменет за родители, наставници, воспитувачи и сите што работат со деца и се занимаваат со детскиот развој и едукација.

Д-р Ранко Рајовиќ е автор на NTC програмата, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, доктор на спортски науки, соработник на УНИЦЕФ за рано образование. Тој користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот.

Програмата за учење NTC е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот.

На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието.

Повеќе детали за пријавување ОВДЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…