398048051 739985348170452 4590308175358949328 n

На 30.10.2023 година се одржа 18-тата „Роднокрајна средба со битолските писатели“ на која присуствуваа писателите: Добре Тодоровски, Светлана Папачек, Сања Видановска-Мучкајева, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Муднишевска-Вељановска Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски, Петре Димовски, Биљана Димко, Ванде Ганчевски и Илче Стојановски.

398053045 739985051503815 750346241430628280 n

Средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и „САБА“Битола. Средбата ја отвори директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости, потоа збор зеде поранешниот координатор на средбата Николче Велјановски,.

398052337 739985084837145 714479477142899007 n

Координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски за овогодишната средба на тркалезната маса, ја постави темата „Огледало на мојата душа“, поттикнувајќи ги писателите да творат во нивен стил, во проза или поезија. Присутните гости имаа можност да слушнат творби од роднокрајни писатели кои ги имаа избрано за овој настанот.

На средбата пред писателите со свои лични творби се претставија и дел од учениците, млади поети на кои им значи критиката и мислењето од повозрасните.

397509206 739985284837125 2867084035080193576 n

За крај се разви плодна дискусија на која учениците имаа можност да се запознаат подобро со роднокрајните автори, а писатели на поставените прашања им одговорија дека: случките и спомените кои ги доживуваат секој ден се мотивацијата која тие ја црпат, како и читателите кои ги читаат нивните дела.

Битола може да се пофали со голем број писатели кои секојдневно ја претставуваат нашата книжевност и нашиот град, не само во Битола туку и надвор од државата.

398037478 739984874837166 9016469220564991095 n

Од оваа средба произлезе Зборникот на излагања (18. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија) кој ќе биде промовиран по повод патрониот празник на библиотеката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…