Ракометната школа Винда од Битола го прослави својот 5-ти јубилеј. Формирана е во 2017 година од ракометарката Викторија Мурговска – Винда. Целта на формирањето на клубот беше да им се овозможат услови на девојчињата кои го сакаат ракометот да го остварат својот сон.

rs vinda 4

„Денес го прославивме првиот јубилеј – 5 години од постоењето на РК Винда. Кога ќе се вратам наназад и кога ќе помислам на мотивацијата за основањето на клубот, на памет ми доаѓаат две работи: малата Винда која би била пресреќна да биде дел од ваков клуб и заедница и еден совет од еден почитуван професор: „Работи го тоа што најмногу го знаеш и умееш“. Децата се мојата инспирација. Откако заминав во Швајцарија се враќам само неколку пати годишно, но доволно да си ги наполнам батериите со благодарноста и позитивната енергија на девојките која ми трае до наредниот пат. Тренерите Марија и Иван, кои ја презедоа мојата работа се заслужни за овој јубилеј подеднакво со мене. Уверена сум дека со ваквиот начин на работа за 10-от јубилеј ќе се пофалиме со барем дупло поголеми успеси“, изјави Винда за Читај бе на прославата која се одржа во спортската сала на ОУ „Коле Канински“ каде воедно се одржуваат и дел од тренинзите.

    Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
    Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
    Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
    Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

    Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

    Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

    Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…