НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод месецот на книгата и училишните библиотеки, заедно со учениците од текстилната насока од СОУ„Таки Даскало“-Битола реализира неколку работилници за изработка на везени обележувачи за книги.

311703588 485211236981199 785715519716275529 n

Везењето е техника на нанесување игла со конец на материјал. Оваа техника ни дава можност да бидеме креативни, да ја разбудиме наша фантазија и да твориме без граници. Везењето е техника која за жал изумира, се помалку младите генерации знаат да користат игла и конец за која и да било намена. Целта на овие работилници е да ги оживееме рачните изработки и да ги насочиме младите генерации кон креативноста и занаетите за рачни изработки кои би им дале насока за во иднина.

311483150 485211003647889 2866172777235070084 n

Учениците од текстилната насока од СОУ„Таки Даскало“-Битола со своите професорки Ема Ќука, Живка Танушева Ицаноска и Анита Стефановска и библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковска од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола ни покажаа колку може да се направи со везење. Тие изработија прекрасни везени обележувачи за книги со најразлични дезени. Сечење, везење, декорирање, шиење и пеглање се постапки кои учениците ги користеа за изработка на обележувачи на книги.

    Jazz Factory Festival 2026 свечено отворен: Битола вечерва во ритамот на џезот
    Битола вечерва пулсираше во ритамот на џезот со свеченото отворање на 9-тото …
    Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
    Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

    Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

    ,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…