Ротаракт Клуб Широк Сокак од Битола со уште една успешна донација во секторот образование. Како општествено одговорен клуб, оваа донација е посветена на нишката на човештвото, односно образованието, иднината на секој еден млад човек. Во заедничка соработка со Борче Стаменов – Донирај Компјутер, РК Широк Сокак Битола успеа да донира и стави во употреба 30 компјутери во ОУ „Коле Канински“ – Битола. Ова училиште располагаше само со еден кабинет по информатика за 24 ученици, но сега со оваа донација капацитетот се зголеми за 100%, односно направено е освежување на постоечките и создавање нова втора училница со компјутери! Оваа донација ќе ја користат 818 ученици на ова основно училиште.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…