Утре, сабота 7 мај, со почеток од 19:30 во 3Д Кино Битола ќе се прикаже филмот „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Пeтар Ристовски и авторот и продуцентот Звонко Шимунец.

Филмот е приказна  за Лесковац – „српскиот Манчестер“, -кој станува дел од Европа помеѓу двете светски војни. Остварувањето зборува  за вистинските вредности, пријателствата кои опстојуваат  и искрената љубов. Начин на кој двете големи љубовни приказни и подготвеноста да се поднесе  жртва во име на соништата, го означија  патот и ја отворија  вратата кон иднината.

По талкањето низ  светот, во 1922 година, двајцата пријатели Дине и Цоне се враќаат во родниот крај, малиот град на југот на Србија. При пристигнувањето  во запуштениот Лесковац,  Дине го затекнува своето руинирано кино а Цоне сопствениот погреб! По војната, Дине (Немања Оливериќ) по некое чудо ќе се најде во Париз каде што учи за убавините на животот во голема метропола, ги запознава убавите парижанки и го открива новиот медиум – филмот. Цоне (Виктор Савиќ) по  ранувањето и   амнезијата завршува во Манчестер, тогашната престолнина на индустрискиот развој, каде што ќе научи дека  само низ црниот фабрички чад  и напорната работа се стигнува до успех.

Галеријата на блескави  филмски ликови ги толкуваат  најпопуларните српски актери: Виктор Савиќ, Слобода Миќаловиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Радован Вујовиќ, Немања Оливериќ, Теодора Ристовски и многу други.

Оригинален наслов: Bilo jednom u Srbiji

Жанр: komedija
Режија: Petar Ristovski

Сценарио: Zvonimir Šimunec, Vladimir Andrić, Majda Šimunec
Земја: Србија
Јазик: српски

Улоги: Viktor Savić, Nemanja Oliverić, Teodora Ristovski, Sloboda Mićalović, Radovan Vujović, Zoran Cvijanović, Predrag Miki Manojlović, Ivan Bekjarev

Време: 135 min

Категорија: 2

За време и по првата светска војна, две момчиња и две девојки од Лесковац: Цоне и Дине, Зорка и Ружица имаат различни судбини но повторно се сретнуваат. ССојузниците го однеле Дине во Париз, каде научил сѐ за убавините на животот. Откако е ранет, Цоне пати од амнезија и завршува во Манчестер- центарот на индустриската револуција.
Опиени од победата во војната и инфицирани од „духот на слободата и напредокот“ кој го почувствувале во „големиот свет“, двајца беќари се враќаат во руинираниот Лесковац. Дине во своето мало, веќе непостоечко кино, а Цоне кај својата вереница.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…