369682950 312245174625733 6099134816041776979 n

КИЦ Битола летната концертна сезона ја затвора со два исклучителни концерта.

Првиот од нив е насловен како „Птиците се враќаат“ во организација на Културен и информативен центар Битола во соработка со Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и поддршка од Гете Институт – Скопје.

Вечерва во 20.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом, настапуваат виртуозното дуо на македонскиот музички номад Јордан Костов на хармоника и Андреас Гинтер од Германија на пијано.

369655264 312245214625729 837390808464354173 n

Вториот концерт кој ќе се случува на 30.08.23 во 20.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом во организација на Културен и информативен центар Битола на едно место собира една исклучителна меѓународна екипа на музичари, кои секој посебно претставуваат уметничка величина, а заедно ги зближува интересот и афинитетот кон root music или изворната музика на Јапонија и Македонија, доживеана низ уметничкиот сензибилитет на секој од нив, креирајќи единствена музичка форма, која се движи помеѓи традиција, амбиентална и world music, насловен како „Токио носталгија проект“ . Во секој случај концерт кој за вистинските сладокусци на музиката не смее да се пропушти. Ви го најавуваме „Токио носталгија проект“ со Јордан Костов на хармоника, Genzoh Takehisa на пијано , Hisao Fukushima на гитара , Andreas Gunter на саксофон (Германија) , Shin-ya Ohno на гајда, Nao Iizukа – флејта и вокал, Дамјан Грујо на перкашн. КИЦ Битола во изминатиот период беше место на случувања на бројни културни настани од кои доминираа музичко сценските и ликовните настани. Оваа културна установа најавува богата есенска понуда.

369714190 312258271291090 6278804496187778851 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…