Со посебна свеченост, во присуство на повеќе гости, на Техничкиот факултет во Битола, денес се одржа првиот академски час за генерацијата бруцоши  2022/2023. Новата академска година на техничкиот факултет ја започнуваат 120 бруцоши, а деканот Митко Костов, информираше дека оваа високообразовна институција, како еден од најстарите факултети во Македонија, продолжува да се промовира, користејќи современо методи, со цел што повеќе идни студенти своето школување да го продолжат на Техничкиот факултет, кој се одликува со добра опременост и над 50 врвни професори.

akademski cas 22

„Денешниот ден е синоним за нови почетоци на нова фаза во животот на студентите. Ова е еден од најубавите периоди во животот на младите луѓе, период кога тие треба да се доизградуваат, од културен аспект, од интелектуален аспект, од морален аспект итн. Првиот успешен чекор е направен. Се запишаа на најголемиот факултет на нашиот универзитет, сега останува со учење да го верифицираат своето знаење. Ние сме горди на нашите студенти, затоа што тоа се способни луѓе во многу полиња и може да се пофалат со идеи, со сопствен бизнис, со сопствен производ итн“, изјави Митко Костов, Декан на технички факултет – Битола.

Успешна академска година на сите студенти на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, им посака и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој присуствуваше на првиот академски час на Техничкиот факултет.

akademski cas 31

„61 година постоење на Техничкиот факултет, навистина заслужува почит. Битола има факултет и добра база во која како општина и како граѓанско општество, како стопанство, можеме да го искористиме сето она што овие факултети отсекогаш го нудат. Машинскиот, сообраќајниот факултет, воопшто техничкиот факултет, се основата на се она што значи развој во Битола. Се надевам дека и во иднина така ќе продолжи. Сакам да им честитам на бруцошите, да бидат успешни граѓани, добри граѓани на нашата земја, на Битола и да ни останат тука, да бидат нова сила на градот“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

akademski cas 19

Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски и пом. директорот, Драги Крстев присуствуваа на првиот академски час на Техничкиот факултет Битола.

309539504 790477325653856 1358753413701126928 n

„Ви посакувам успех во текот на студирањето и очекувам што поскоро да бидете дел од семејството на АД ЕСМ”, им порача Матевски на бруцошите на ТФБ.

310420067 790476582320597 6060929716893537040 n

Нашата компанија секоја година доделува по 5 нови стипендии во износ од 80.000 денари за исто толку бруцоши на Техничкиот факултет Битола кои по првиот семестар ги исполнуваат пропишаните критериуми.

    Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во БИТОЛА
    Задоволство ни е да ви најавиме дека, по повод 10 години од …
    Емоционално јадење – барање утеха во храната
    Во денешно време, дебелината е многу чест проблем. Бројот на заболени од …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…