„Библиотеката е „срце на Универзитетот“ која во континуитет ги следи современите трендови и е дел од големото општество кое точи знаење. Битолската библиотека има за цел да биде логистичка поддршка на образовната, научната и истражувачката работа на Универзитетот и да им помогне на студентите во пребарување, изготвување и осмислување на научно-истражувачката работа“ истакна директорот м-р Бојан Стефановски кој присуствуваше на првиот академски час на Педагошкиот факултет во Битола и им подели ваучери за едногодишна бесплатна членарина на студентите кои се запишаа во оваа учебна година.

310211524 476279831207673 4570426331144681546 n

За крај им посака на бруцошите квалитативно стекнување на нови знаења на избраните факултети, а на оние од завршните студиски години, успешно завршување на студиите и побрзо вработување.

310310641 476279811207675 2002901798602546944 n

Од библиотеката изразија голема благодарност до деканот на Педагошкиот факултет во Битола, проф. д-р Данче Сивакова-Нешковски која овозможи да бидеат дел од нивниот прв академски час.

310468028 476279931207663 4068213765604124549 n

„Почитувани студенти за искористување на ваучерите при доаѓање во нашата библиотека треба да носите лична карта и индекс“, велат од битолската библиотека.

310375163 476279827874340 544509067856136271 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…