Во Свечената сала на Офицерски дом се одржа промоција на книгата на Томе Поповски „Бела ноќ, црн ден – Воден“. Промотор на книгата беше Гордана Такец, додека конференсие и наратор на промоцијата беше Силвана Петрова Насух.

tome poposki 2

„Бела ноќ, црн ден-Воден“ е прозна автобиографска сага инспирирана од трагедијата на македонскиот народ во Егејска Македонија.

tome poposki 7

Роман за тажната судбина на авторот испреплетена со судбините на многу Македонци кои мораат да ги напуштат своите домови за да бидат раселени низ светот, пишуван верно, вистинито и со многу љубов за родното Јаворани, село во околината на Воден.

tome poposki 3

„Низ раскажувањето за белата ноќ, нападот врз Воден во најстудената зима во 1946 г. записите за црниот ден исто така поврзани со Воден, од секоја реченица се назира тагата која никогаш не престанала да го измачува авторот Томе Поповски.

Со убав и високо интелектуален јазик разбирлив и близок до секого, романот не остава простор за рамнодушност.

Читателот се соживува со секое дејствие, го доживува случувањето како лично свое затоа што писателот умее вешто да прераскажува, ги води јунаците низ дејствието на романот, природно, спонтано и без усилби се доближува до срцето на читателот“, вели за книгата промоторот на книгата, Гордана Такец.

tome poposki 4

Томе Поповски е писател со огромен творечки габарит, а ова негово дело е запис од висока книжевна вредност затоа што истовремено е историја, култура, традиција и наука.

Фотограф: Саше Богоевски

    мебло организатори
    Прв фестивал на кинески филм во Битола – осум филмови и бесплатни проекции
    Битола од 5 до 8 октомври 2026 година ќе биде домаќин на …
    ЈКП „Водовод“ започнува теренска проверка на водомерите и податоците за корисниците
    ЈКП „Водовод“ – Битола започнува со организирана теренска акција за проверка и …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…