vodovod 33

ЈКП „Водовод“ – Битола започнува со организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци.

Во првата фаза, теренските екипи ќе работат во три подрачја во Битола: Долно Оризари, Буковски Ливади и Стара Битолска Чаршија.

Од ЈКП „Водовод“ ги повикуваат корисниците од овие подрачја да овозможат слободен и безбеден пристап до водомерите, како и, доколку е потребно, да бидат достапни за проверка и усогласување на корисничките податоци.

Акцијата ќе се спроведува етапно и во останатите региони, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Од јавното претпријатие упатуваат благодарност до граѓаните за соработката, со цел подобрување на евиденцијата и обезбедување посигурно и поквалитетно водоснабдување.

vodovod 21
Прв фестивал на кинески филм во Битола – осум филмови и бесплатни проекции
Битола од 5 до 8 октомври 2026 година ќе биде домаќин на …
Deep Purple на 11 октомври во Скопје – последна средба со рок легендите
Љубителите на рок музиката во Македонија ќе имаат можност да ги проследат …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…