Во малата сала на НУ Завод и музеј беше отворена една исклучителна изложба посветена на еден елемент на народната носија кој е на некој начин занемарен, но сам по себе претставува еден вид на уметничко дело од големо значење за македонското народно творештво.

наде 3

Автор на изложбата „Елемент на народната носија ГРЛО“ е Наде Геневска Брачиќ, етнолог и кустос-советник во битолскиот музеј, а изложени се 50 елементи.

наде 2

„Кога сите ние размислуваме за поединечни предмети не сме свесни која е нивната тежина и симболика и приказната која во себе ја носат. Ние како истражувачи и вие како публика се надевам дека заедно преку изложбата ќе имаме можност да пропатуваме и да имаме едно подолго патешествие низ историскиот развој, развојот на поединечни типови везови, одредени елементи и нивната симболика, во период од пред 150 години па се до денес“, рече Мери Стојанова, директор на Завод и музеј Битола.

наде изложба 21

Овој елемент во различни краишта различно се нарекува, а Геневска Брачиќ се определи за ГРЛО кој потекнува од горните битолски села. Изложбата е еден дел од збирката од народни носии и текстил, 50 поединечни грла и некои постари типови кои во различни периоди ја украсуваа кошулата oд вкупно 150 кои ги има во музејот.  

„Може да се види длабокото духовно творештво на нашиот народ, од различни периоди, се употребувале сите техники. Нема ниедно идентично во сите 150 предмети, сите се различни. При секое истражување, мој предизвик е да ги гледам поединечно сите облековни елементи, затоа што секој елемент има своја приказна. Се надевам дека овие предмети кај секој од вас ќе предизвикаат инспирација, за да може да се создадат нови дела. Овој елемент прв пат се претставува поединечно, досега бил занемарен, а секогаш бил изложен како дел од носијата. Наша цел како истражувачи е секогаш да ги претставуваме деловите од нашето традиционално културно наследство“, рече пред присутните авторката на изложбата, Наде Геневска Брачиќ.

наде изложба 15

Изложбата е дел од годишната програма на Завод и Музеј Битола и финансирана од Министерството за култура.

Фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски

jk travel borovec

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…