Традиционално, во пресрет на 28 август – Денот на рударите, денес во просториите на РЕК Битола им беа врачени пригодни признанија на двајцата вработени во комбинатот кои заминале во пензија со најмногу стаж помеѓу два празници.
Со доделувањето на соодветни подароци и признанија, АД ЕСМ им се заблагодари на Џевдет Џеловски и на Благојче Трипуновски за вложениот труд при извршувањето на работните задачи во РЕК Битола во секакви временски услови, и на минус 40 и на плус 40.


Џеловски заминува во пензија со 52 години работен стаж како ракувач на бункер, додека Трипуновски со 44 години работен стаж како електричар.

Стефан Ѓоргиевски – младиот шампион од Битола кој ги освојува мотокрос патеките
Кога љубовта кон моторите ќе се спои со талент, храброст и огромна …
Секогаш – прво плати си себеси
Убедливо најлоша навика која ни останува од студирањето е дека постојат два …








