Да се биде своја е една од најважните работи што можете да ги правите во животот. Тоа значи да ги прифатите вашите уникатни квалитети, интереси и личност, наместо да се обидувате да се усогласите со она што другите го очекуваат од вас. Кога сте доследни на себе, поголема е веројатноста да бидете среќни и исполнети во вашиот живот.
Токму поради тоа, спортското здружение „Бори се за целта” ја организира ноќната женска трка наречена „Биди Своја” која годинава ќе се одржи по вторпат на 15 јуни во 19:30 часот.
Организаторите ги покануваат и охрабруваат сите ЖЕНИ, МАЈКИ, ДАМИ и ДЕВОЈКИ да земат учество во ноќната трка од 5К и да доминираат низ битолските улици.
Може да се пријавите на ЛИНКОТ ТУКА.