Вчера, на 11.05.2022 година во просториите на битолската библиотека се одржа предавање на тема „Раното откривање спасува животи“, кое го одржа д-р Александар Димовски, специјалист по радиодијагностика, вработен во Клиничката болница Битола.

Доктор Димовски зборуваше за ракот на дојката, неговите причинители, симптоми, но најважно за превентивните мерки и скринингот, како што е мамографијата. Тој силно укажа на важноста од рано откривање на ракот на дојката за неговото лекување и поголеми шанси за преживување.

280264575 10160139724873679 8120261280979083148 n

Предавањето е дел од „Неделата на женското здравје”, во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, „Сумнал„ – здружение за развој на ромската заедница и Ротари клуб „Широк Сокак“ – Битола.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…