ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола е прогласено за пријателско место за аутизам!

На 11. 05. 2022 во Музејот на македонската борба во Скопје се одржа промоција на проектот за AFS (Autism Friendly Spaces) под раководство на Македонското Научно Здружение за Аутизам (МНЗА), а поддржано од ЕРАЗМУС програмата на ЕУ, каде што беа доделени награди и сертификати на одредени лица и институции кои се пријателски расположени и прилагодени кон лицата со посебни потреби.

279964276 538525547887541 4515190602806558820 n


Сертификати добија училишта од Македонија и надвор од неа, стоматолошка ординација, ресторан и други институции. Токму едно од тие училишта е и ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

„Изминативе неколку месеци во соработка со Македонското научно здружение за аутизам, во нашето училиште успешно се спроведоа низа активности,се подигна социјалната свест и се прилагоди просторот за полесно функционирање на лицата со аутизам.Како резултат на тоа ООУ “Ѓорги Сугарев” е меѓу првите училишта кое се најде на мапата на Autism friendly spaces во Европа. Концептот „Пријателски места за аутизам“ е создаден за да одговори на потребите на лицата од спектарот на аутизам. Тој е од областа на социјалната инклузија, има за цел да обезбеди поголема пристапност за лицата и децата со аутизам во општеството“, велат од училиштето.

Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ и истиот го спроведуваме заедно со асоцијацијата „Призми“ од Малта, две други институции од Малта, Аутизам Европа од Брисел и здружението Леарнинг Десигнерс од Шпанија.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…