molika 1

Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола и Синдикалната организација на друштвото потпишаа Колективен договор со која се уредуваат правата, обврските и одговорностите помеѓу работниците и работодавачот.

Документот го потпишаа директорот на ЕСМ Молика, Миле Вељановски и претседателот на Синдикалната организација, Валентин Трпеновски. Колективниот договор на друштвото беше утврден низ дијалог кој двете страни го водеа изминатите неколку недели и во него се содржани последните законски решенија со кои се подобрува стандардот на работниците, како што е минималната плата и исплатата на додатоци за работа во недела.

molika

Соработката меѓу ЕСМ Молика и синдикалната организација продолжува и понатаму со цел унапредување на условите за работа во друштвото кое беше формирано неодамна и работи во рамките на Државните електрани. Во ЕСМ Молика работат над 90 лица, а друштвото стопанисува со Хотелот Молика, со автокампот Ливадиште, апартмани Свети Стефан во Охрид, одморалиште Маврови Анови и Вила Тиквеш во Стар Дојран и работничките мензи во РЕК Битола и РЕК Осломеј.

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…