После две години пауза заради ограничувањата кои беа на сила заради пандемијата ТСК Степ Ап Битола продолжи со организација на бодовен натпревар кој е задолжителен за танцовите спортисти во склоп на системот на натпревари во соодветната танцова спортска лига.

ап 7

Минатиот викенд (24.09.2022) во малата сала во спортската сала Боро Чурлевски во Битола во организација на Танцовиот спортски клуб Степ Ап Битола и Танцовата Спортска Федерација на Македонија се одржа бодовен натпревар во латиноамерикански, стандарди и модерни спортски танци.

ап 10

На натпреварот учество зедоа сите клубови членки на ТСФМ, односно 9 клуба од државата. Уествуваа танцовите спортски клубови Динамик од Куманово, Бранимир и Бранкица, Ритам Плус и Прима Данца од Скопје, Брејк Д Флор од Штип, Линеа од Кавадарци, Темпо од Прилеп и Спортакус од Битола.

ап 5

„На натпреварот учество зедоа околу 170 натпреварувачи во сите старосни категории и танцови дисциплини. Најмасовен интерес во текот на последните години се забележува кај модерните спортски танци, особено латино соло категориите и латино групите каде и конкуренцијата е најголема. Со тоа, слободно може да се каже дека и квалитетот на овие категории натпреварувачи е на многу повисоко ниво. Во редовите на девојките кои се натпреваруваат во латино соло категориите и се на врвот во нашата спортска федерација се вбројуваат девојки кои се на пиедесталот на меѓународните натпревари на Балканот. За сите нас, секако и за публиката најинтересни и најпривлечни за следење се танцовите спортски двојки. На натпреварот учество зедоа 13 танцови спортски двојки во неколку возрасни категории.

Танцовите двојки се натпреваруваат во две дисциплини: латиноамерикански и стандардни танци. Прекрасни се кога се гледаат, динамиката и енергичноста на латино танците и грациозноста и елеганцијата на стандарните танци остава впечаток дека овој спорт може да го практикува секој, но верувајте само кој не го изучувал не знае колку е тежок. Можеби тоа е една од причините зошто последните години бројот на танцови спортски двојки континуиарано се намалува, интересот опаѓа особено кај момчињата. Во оваа пригода би сакале да ги поттикнеме и охрабриме момчињата и нивните родители да ги посетат нашите промотивни часови и да се уверат дека ова не е само женски спорт. Во нашите редови имаме многу успешни поранешни и моментални државни прваци кои постојано напредуваат во танцовиот спорт и освојуваат високи награди не само на домашен туку и на меѓународен терен“, вели Вера Сретенова Симјановска, претседател на Танцов Спортски Клуб Степ Ап Битола.

ап 2

ТСК СТЕП АП Битола активно работи и го развива танцовиот спорт веќе полни 8 години. Тренинзите ги одржува на две локации, и тоа во УЗ „Борис Бастеро“ и во ОУ „Св. Климент Охридски“. Членовите се распоредени во неколку групи: почетници, натпреварувачи, танцови двојки и латино формации. Тука се и тренинзите за возрасните кои сакаат рекреативно да спортуваат и да се релаксираат, дополнува таа.

ап 8
ап 6

„Спецификата на овој спорт е што е мост меѓу физичка активност и уметност. Се практикува проследен со музика што дополнително придонесува за релаксација, зголемување на концентрацијата, намалување на стресот, активирање на целокупната мускулатура на телото, корекција на држењето на телото и воопшто унапредување на психофизичкиот развој особено кај децата. Меѓу нашите натпреварувачи нема деца со неправилно држење на телото, проблеми со ‘рбетот и стапалата. Интересен е фактот што можеме да го изнесеме од анализата и следењето на нашите поранешни членови. Имено, скоро сите од нив во текот на својата кариера се упатиле во различни професии, но она што им е заедничко за сите и што го носат во себе на работните места е: самодисциплината, културата на исхраната, редовен режим на живот, здрави навики, високо ниво на сигурност при комуникација со луѓе, репрезентативност, почит кон колегите и конкурентите и многу многу други особини кои танцовиот спорт им ги всадил без и самите да знаат“, вели за Читај бе, Вера Сретенова Симјановска, претседател на Танцов Спортски Клуб Степ Ап Битола.

    За сите разочарувања кои нé отрезниле…
    Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е моментот на отрезнување. Моментот кога …
    „Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
    Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

    Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

    Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

    Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…