Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“-Битола и Општина Битола утре и во недела ќе се одржи 10. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2022“. Натпреварите ќе бидат во четири категории: момчиња родени 2005/06 г., момчиња родени 2007/08 г., момчиња родени 2011-15 г. и девојчиња родени 2008/09 г. Учеството го имаат најавено екипите на: „Олимпија“-Лариса, Грција; „Мега баскет“-Прилеп, „Јасмин“-Кавадарци, „Охрид“-Охрид, „Декса“-Прилеп, „Пробаскет“-Кавадарци, „Пелистер“ и „Младост“ од Битола. Натпреварите ќе се играат во спортските сали „Боро Чурлевски“, Економско и Медицинско училиште. Свеченото отворање на турнирот ќе биде утре (Сабота) од 17.00 часот во спортската сала на Медицинското училиште „д-р Јован Калаузи“.

– По пауза од точно три години повторно го организираме овој турнир со домашни екипи поради актуелната здравствена состојба. Единствен гостин од странство ќе ни биде екипата на „Олимпија“ од Лариса-Грција каде долги години беше тренер легендата на македонската кошарка Стерули Андоновски. Очекуваме квалитетни натпревари и пред сè, дружење на младите играчи-ни изјави Горјан Стојановски, претседател на организациониот одбор на турнирот.

Prvo mesto Podenzano Italija 800x537 1
Меѓународен велигденски турнир БИТОЛА 2019

Покрај официјалниот дел, турнирот ќе опфати и натпревари на младите членови од КК „Младост“ во кошаркарски вештини, шутеви за 3 поени и слободни фрлања, а планиран е натпревар на ветерани од КК „Младост“ кои во минатото го прославија клубот во земјата и странство во периодот 2003-2007 г. (два пати Шампиони на Македонија, 3.место на турнир во Острава, Чешка Република и 4. место на турнир во Гетеборг, Шведска).

Владимир Прчков

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…