ЈП „Стрежево“ успешно реализираше порибување на акумулацијата „Стрежево“, на локацијата брана Стрежево, со внесување на над 250 килограми рибен подмладок – крап.

Активноста е спроведена согласно важечката Риболовна основа и договорот за користење на риби и други водни организми, склучен помеѓу Владата на Република Македонија и ЈП „Стрежево“.

Рибата претставува најдиректен индикатор за квалитетот на водата, а со ваквите активности се придонесува кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата.

ЈП „Стрежево“ и понатаму останува посветено на заштитата на животната средина и одговорното управување со природните ресурси.

Ситите се најгладни
Кога бевме деца, имаше многу убави, густи шуми. Големи и силни корени, …
Тешката сколиоза не ја запре 17-годишната Сара од Битола да го брка својот сон
Има животни приказни кои не се раскажуваат само со зборови, туку се …








