vodovod za web

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола во 2026 година ќе работи на повеќе
од 14 проекти во вредност од некаде 65 милиони денари.

Но, што е со годината која изминува и таа пред неа. Директорот Андреј
Гинов вели дека 2024 година јавното претпријатие ја заврши со загуба од
61 милион денари.

„Вкупните приходи за 2024 година се 284 милиони денари, а вкупните расходи се 346 милиони денари, што продуцира загуба од околу 61 милион денари. Ако се земат предвид само неколку ставки на расходи и приходи, ќе се види јасно зошто е тоа така. Вкупен приход од наплата на вода од правни и физички лица е 262 милиони денари, а од останатата реализација околу 22 милиони денари, додека расходите по само три основи, и тоа електрична енергија 43 милиони денари, сирова вода кон хидро-системот „Стрежево“ поради сушното лето во 2024 година е 50 милиони денари и трошоците за плати за вработените изнесуваат 148 милиони денари, што дава вкупен расход, кога се додава и ДДВ по овие три ставки, од 280 милиони денари. Ова покажува дека целокупниот приход при висока наплата на сметки од околу 95% е близу вкупниот расход за овие три
ставки“, објаснува Гинов.

Понатаму се прави споредба со претходните години, за, како што велат,
сликата да биде појасна.

„Само за илустрација би направиле уште две споредби, и тоа во 2021 година во претпријатието имаше вкупно 227 вработени, а трошокот за плати изнесуваше 107 милиони денари, за разлика од 2024 година со вкупно 205 вработени, а тоа е 22 вработени помалку, изнесуваше 148 милиони денари, што е за 41 милион денари повеќе при значително помал број на вработени. Во 2025 година имаме уште едно покачување на платите согласно зголемувањето на минималната плата во државата, за истите овие 205 вработени платата изнесува 158 милиони денари
или 10 милиони повеќе во споредба со претходната 2024 година, или во споредба со платата од 2019 до 2025 година. Бруто-платата се зголемила за 62 милиони денари“, вели директорот на битолски „Водовод“.

Според него, загубата најмногу се должи на високата цена на електричната
енергија и исплатата на сирова вода кон хидро-системот „Стрежево“.

„Во минатото „Водовод“ работело само на поправки на дефекти, но немале
толку високи сметки за електрична енергија, за испумпување вода од хидро-системот „Стрежево“ и за други репроматеријали кои се поскапени и над 100%.
Поради тоа, „Водовод“ во соработка со Општината во 2025 година направи
повеќе од 7 км нова водоводна мрежа во вредност од 40 милиони денари,
а во 2026 година ќе работиме на повеќе од 14 проекти во вредност од некаде 65 милиони денари. Сето ова го правиме за дополнителен приход и нормално функционирање на претпријатието и со тоа да ја намалуваме загубата“, истакнува Гинов.

Исто така информира дека изработиле проект за фотоволтаици и аплицирале
на проект со Швајцарската амбасада, за кој потпишаа договор за поставување на фотоволтаици на сите објекти на стопанскиот двор, и со тоа ќе се намалат трошоците за електрична енергија.

„Водовод“ изработи проект за нов потисен цевковод со кој во летниот период ќе може да се испумпува повеќе вода од хидро-системот „Стрежево“ и проблемите со притисокот на водата во летниот период на одредени места ќе бидат регулирани, а со тоа ќе бидат намалени загубите на вода, а водоснабдувањето ќе се одвива непречено. Со овој потисен цевковод ќе се замени стариот цевковод од Ф700 на нов Ф800, со што ќе може да се испумпува повеќе вода и одоснабдувањето во градот во наредните 50 години ќе се одвива непречено“, вели директорот Гинов.

Емпатите и нивната неверојатна способност да читаат луѓе
Емпатите имаат способност интуитивно да „гледаат низ луѓето“ — но не во …
Вистинското пријателство нема рок на траење
Вистинското пријателство не се мери со секојдневни разговори или постојано заедничко време. …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…