Во Центарот за култура во Битола, на 6 ноември, се одржа 26. издание на Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“, кој и оваа година донесе многу музика, детска радост и нови таленти на фестивалската сцена.
На овогодишното издание беа претставени 16 нови детски песни, во изведба на 16 нови детски ѕвездички, кои преку музиката ги споделија своите таленти, емоции и љубов кон песната.
На присутните им се обратија и градоначалникот на Општина Битола, г-дин Тони Коњановски, како и директорот на фестивалот, Тони Алексовски, кои ги поздравија учесниците и публиката, посакувајќи му на фестивалот уште многу успешни изданија и нови генерации млади музички таленти.

Фестивалската програма започна со три претпладневни претстави, одржани во 09:30, 11:30 и 13:30 часот, наменети за најмладата публика, додека свеченото фестивалско финале се одржа во 19:30 часот.
И оваа година „Тра ла ла“ понуди содржини посветени на детската музика, креативноста и талентот, давајќи им можност на најмладите да застанат на големата сцена и да бидат дел од една посебна музичка приказна.
Фестивалот се одржа во пресрет на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, како музички подарок за градот и неговите жители.

Со 26. издание, „Тра ла ла“ продолжува да ја негува традицијата на детската песна и да создава простор во кој младите таленти можат да ги направат своите први музички чекори, да стекнуваат сценско искуство и да ги споделуваат своите соништа со публиката.
Честитки за сите учесници и организатори, со желба фестивалот и во годините што следуваат да продолжи да носи нови песни, детски насмевки и незаборавни музички моменти!


























фото: Ивона Кочов








