настан

„Поезијата не се толкува, поезијата се чувствува“ беше насловот на настанот кој го реализираа учениците од прва година од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ под менторрство на проф. м-р Даниела Петровска во соработка со Културен и информативен центар-Битола.

338934532 932074441467349 6956190376877004083 n


Поезија сѐ помалку се чита, така што преку овој настан учениците ги обновија знаењата и вештините од редовната настава по Mакедонски јазик и книжевност како да се негува правилното акцентирање според правилата на македонскиот јазик и изразно читање на поетската творба од македонски и странски поети . Но, исто така ова беше одлична вежба за настап пред публика, говорење пред микрофон, ако се земе предвид дека според наставната програма учениците имаат и часови каде што презентираат најразлични теми во склоп на нивното формално образование. Гости на настанот беа деветтодделенците од ООУ „Елпида Карманди“ – Битола.

338185499 534795285500387 6001425604871248322 n


Културен –информативен центар од Битола активно соработува со младите и една од целите на оваа институција е да го збогати нивното неформално образование преку креативни настани, каде младите луѓе, тука спаѓаат и учениците од средните и основните училишта учествуваат, креираат или учествуваат во културно-уметничките настани.

meblo trejd alati 2

Имаат можност да се стекнат со најразлични вештини и искуства, да шират познанства и да допринесат во подигнувањето на културната вибрација на Битола.

jk travel leto antalija 2023
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…