monmartr olimpijada

Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола во 2ООО година направи преседан на најголемата и најстарата спортска манифестација во светот – Олимписките игри со покана за учество во склоп на уметничката програма на тогаш Олимписките игри во Сиднеј – Австралија.

Поставена беше огромна изложба во склоп на Олимпиското село на која беа изложени дела од над 6О држави учеснички на специјалниот сегмент на конкурсот од светската детска ликовна изложба “Битола” кои во 5О% твореа на темата “Олимписките игри низ перспективата на младиот ликовен уметник”.

монмартр 4

И тоа беше сладок “преседан” кој премина во традиција па така ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола преку најстарата и најголемата детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр станаа неизоставен дел од Олимписките игри 2О години.

Изложби беа поставени и на Олимписките игри во 2ОО4 година во Атина – Грција, во 2ОО8 година во Пекинг – Кина, во 2О12 година во Лондон – Велика Британија, во 2О16 година во Рио де Женеиро во Бразил со што беше генериран фонд од над 15.ООО дела.

Соработката со Меѓународниот Олимписки Комитет не се реализираше само за време на Олимписките игри во 2О2О година кои се одржаа во Токио – Јапонија а поради КОВИД Пандемијата.

монмартр 3

Но приказната каде спортот се спојува со уметноста и обратно продолжува и во 2О24 година како веќе е потврдена соработката со ОКСМ и ИОК за Олимписките игри кои ќе се одржат во периодот од 26 Јули до 11 Август во Париз – Франција.

Париз со ова воедно станува втор град кој трет пат е домаќин на Олимписките игри [ 19OO и 1924 година ] по Лондон [ 19O8 – 1948 и 2О12 година ].

монмартр 5

Олимпискиот Комитет на Северна Македонија заедно со ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола веќе започнаа и креативни идеа со акцент каде изложбата би била поставена како Париз е во основа и иницијалната инспирација на основачот на Мал Битолски Монмартр – реномираниот светски ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски а иако традиционално тоа е Олимпиското село но во 2О24 година изложбата на тема Олимписки игри најверојатно ќе се реализира на за нејзе најсоодветното место – ридот Монмартр.

монмартр 6

Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола непроценливата соработката со ИОК со седиште во Лозана – Швајцарија ја потврдија со Престижната Награда за огромна афирмација на спортот низ уметноста во 2О14 година а која на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола и нејзиниот основач Коста Хаџи-Антоновски им беше врачена на специјална церемонија на МОК во Скопје во 2О16 година а ја подигна актуелната претседателка Елена Хаџи-Антоновска.

meblo trejd za gradina косацки
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…