n

Изминатите денови во Битола беше празник на музиката. Се одржа Меѓународниот натпревар по пијано ПИЈАНОФЕСТ кој оваа година се одржа од 10 ти до 12 јуни. Оваа година по 4 ти пат беше реализиран овој успешен натпревар кој испиша нова страница од своето постоење, а се одржа  во Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Македонија и пошироко. Во изминатите три дена настапија околку осумдесет учесници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија.

287223834 159035219946730 8681533760752366306 n

Учесниците ги изведуваа композициите на концертното пијано „Bosendorfer”, кое недоамна беше префрлено од Битолскиот Завод и Музеј. На отварањето присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, а фестивалот започна со концертот на Гоце Златев.

IMG 2562

На натпреварот беше доделена и парична награда за лауреатот со што се дава еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот. Истата ја понесе Лара Арбајтер ( Србија ). 

Натпреварот беше во организација на здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола како и во соработка со ЈОУ. Културен и Информативен центар – Битола

IMG 2571

„Секоја отсвирена нота изминативе 3 дена ќе остане еден спомен. Спомен кој што кога музиката ќе прекине, останува да живее во нашите срца. Од име на организацијата на „Пијанофест” се заблагодаруваме на нашата беспрекорна жири комисија, нашите поддржувачи, на Државното музичко училиште од Битола за соработката. Благодарност до сите натпреварувачи, професори, родители, пијанисти и педагози кои беа дел од оваа наша успешна приказна. Честитки за сите. Се гледаме повторно следната година“, истакнаа професорките Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска.

Реномираната жири комисија оваа година беше во состав: Драгомир Братиќ (Србија ), Кристина Петролари Ласо ( Албанија ), Дино Имери ( Македонија ) и Лилјана Вукелија ( Србија ).

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…