Еве го најкраткиот и најлесниот пат до спасението:
Биди послушен, воздржлив, не осудувај, чувај ги срцето и умот од лоши помисли и мисли дека сите луѓе се добри и дека сите Господ ги љуби. Заради овие смирени мисли благодатта на Светиот Дух нема да те напушти и ќе велиш:
„Милостив е Господ“
Ако осудуваш, ако негодуваш, ако си самоволен, душата ќе ти опустоши, да дури и да се молиш многу на Бога. Тогаш ќе велиш: „Ме заборави Господ“. Но, Господ не те заборавил, туку ти си заборавил да бидеш смирен и затоа благодатта Божја не живее во Твојата душа. Во смирената душа благодатта лесно се вселува и ѝ дарува мир и спокојство во Бога. Мајката Божја била смирена повеќе од сите и затоа ја прославуваат небото и земјата. Бог ќе ги прослави сите што ќе се смират и тие ќе ја видат славата Господова.
Свети Силуан Атонски+