Messenger creation 335A2003 E983 4349 A101 06F934CF99DD

Успешно заврши реализацијата на проектот „Ѕирнете во старите касели“, од областа на креативните индустрии, чија основна цел беше ревитализација и афирмација на македонските традиционални ракотворби – везови, плетенини, ткаенини, изработки од мониста и други техники – и нивно вградување во современи креативни изработки.

1000010751
1000010752

Во рамките на проектот беа реализирани две обуки на тема „Традиционалните мотиви од минатото во функција на нови современи изработки“, кои ги презентираше проф. Филип Јаковлевски, како и две обуки на тема „Производи и примена на техниката филцање на волна“, спроведени од проф. Анита Стефановска.

1000010745

Обуките беа проследени со дванаесет практични работилници, реализирани во шест различни техники на изработка на ракотворби: кроење и шиење, вез, изработка на накит, ликовна работилница – печатење, плетење и филцање на волна.

1000010749

Посебен дел од проектот беше презентацијата на изработените ракотворби на Широк Сокак и пред Културно-информативниот центар – КИЦ Битола, со што традиционалните техники и мотиви беа доближени до пошироката јавност и претставени во современ контекст. Во текот на реализацијата, повеќе од 30 ракотворци имаа можност да ги надградат своите теоретски знаења и практични вештини.

1000010754

Како особено значаен извор на инспирација беше презентирана стара касела со ракотворби стари и до 150 години, зачувани од едно старо битолско семејство.Овие автентични ракотворби, со своите традиционални мотиви, техники и естетика, послужија како инспирација за младите ученици од средното текстилно училиште, но и за останатите учесници во проектот, поттикнувајќи ги традиционалното знаење и наследство да ги преточат во нови и современи форми.

Преку проектот „Ѕирнете во старите касели“ се направи значаен чекор кон поврзување на традицијата со современата уметност и модната креација. Македонското културно наследство доби нов контекст, а старите техники и мотиви беа претставени како неисцрпен извор за современо творештво.

Проектот „Ѕирнете во старите касели“ беше реализиран од страна на ЗУР „Македонски ракотворби“, во соработка со СОУ „Таки Даскалот“ – текстилна насока, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Младите кошаркарски надежи на „Младост“ повторно нов предизвик во Грција
На покана од реномираниот грчки кошаркарски клуб Edessaikos BC од Воден, младите кошаркари и кошаркарки на КК „Младост“ од Битола гостуваат во соседна Грција, каде што во спортската сала „DAK Edessa“ ќе одиграат неколку пријателски натпревари во повеќе старосни категории. Натпреварите ќе се одиграат според следниот распоред: 10:00 часот – играчи родени 2016/2017 година 11:30 часот – играчи родени 2015/2016 година 13:00 часот – играчи родени 2014 година За младите надежи на битолскиот клуб ова …
Ако сте станале лоши за некого – значи дека сте направиле премногу добро за него
Во човечките односи постои еден парадокс кој е тешко да се игнорира: колку и да се трудиме да бидеме добри со другите, понекогаш ќе се најдеме во ситуација кога некој ќе не етикетира како „лоши“. Шокантно, таа „лоша“ етикета често доаѓа токму поради прекумерната љубезност и великодушност. Во такви ситуации, цитатот „Ако си станал лош за некого – значи дека си направил премногу добро за него“ добива на тежина и длабоко ни одекнува. Границите на …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…