krste zadusnica

Во нашата Црква имаме 4 повеќедневни пости во кои е дел Богородичниот пост. Останати повеќедневни пости се: Велигденски, Божикен и Петровденски – апостолски пост. Исто така имаме и еднодневни пости како секоја среда (спомен за предавството кое го направил Јуда) и петок (спомен за распнувањето, смртта и погребението Христово) и одредени денови во текот на годината.

            Богородичниот пост секогаш почнува на 14 август, а завршува на 28 август на празникот Успение на Пресвета Богородица. Доколку празникот се падне во среда или петок тогаш тој ден се пости.

            Овој Пост по строгост е веднаш по Велигденскиот пост. Така што Преку целата недела се пости без масло, сабота недела на масло и на празникот Преображение дозволено е риба.

Првата заповед која Бог му ја дал на човекот била воздржување од нејадење на дрвото за познавање на добро и зло (1. Мој. 2,9 ) т.е. пост. Во Стариот Завет имаме записи за пост кај пророкот Мојсеј кога постел на гората Хорив пред да ги добие заповедите (2 мој.  34,28); Пророкот Илија (1 Цар. 17). Пророкот Данило ни покажа дека преку постот се зајакнува телото на човекот (Дан. 1, 10-15), Ниневјаните преку пост избегнале катастрофа (Јона 3), Пророкот Ездра постел за да можи да се удостои на посета од ангелот Божји и да добие откровение – 2 книга Ездра. Во Новиот Завет самиот Господ Исус Христос постел 40 дена и ноќи (Мат. 4,2), постеле и апостолите.

Прекршување на постот е првиот грев, затоа и преку постот е првиот подвиг за ослободување на гревот. Постот е потребен, бидејќи во светот секојдневието ни е како море разбранувано од бурите на искушенијата и тешкотиите каде преку постот наоѓаме укрепување. Во постот е битно да направиме труд и подвиг за наше поправање и напредување. Постот треба да го сфатиме како потреба за да се доближиме до Бога, за да направиме личносна промена на самите себе. За постот Господ Исус Христос вели „Овој, пак род се истерува само со молитва и пост.“ (Мат. 17,21).

За постот св. Григориј Палама вели „Целта на постот, за кој е востановен и почитуван од христијаните, е очистување на душата“.  Преподобниот Јустин Ќелијски за постот вели: „Со пост, пост на душата и телото – душата пости од секој грев, се воздржува од секој грев, од гнев, од злоба, од завист, од злоба, од озборување, од осуда, од похота, од среброљубие. Се ослободува од секој грев. А телесниот пост е воздржување од храна. Постете го телото за да не беснеат страстите во него, туку тоа се смирува со пост. Така нашата Света Црква нѐ подготвува за Светата Причест.“

Во Црквата, постот, покајанието и учеството во Евхаристијата едноставно се сфаќаат како начин на постоење и дејствување и како начин на човековиот однос со Бога, со светоста на животот и со самата храна. Големиот Златоуст не учи за постот: „Не ја ограничувајте доблеста на постот само на исхрана. Вистинскиот пост не е само одрекување од разни јадења, туку одрекување од страстите и гревовите: да не правиш неправда никому, да му простиш на ближниот за навредата што ти ја нанел, за злото што ти го направил, за долгот кој ти го должи. Инаку не јадеш месо, а го јадеш својот брат. Не пиеш, а  понижуваш друг човек.“

Постот никогаш не бил индивидуален чин, туку секогаш бил поткрепен со литургиското искуство на Црквата, примајќи го својот венец на евхаристиското собрание. Како што во светотаинскиот живот секоја света тајна го добива својот печат во Светата Евхаристија, така и постот и подвигот на христијаните ја добива својата кулминација на светата Евхаристија, како централен настан на христијанскиот живот.

Сите наши духовни напори на полето на духовното градење не даваат никаков плод без активно учество во литургискиот живот на Црквата, а пред сè, без учество во светата Литургија, што е наше учество на Трпезата на Царството Небесно. Старец Емилијан Симонопетријски нè учи: „Со светата Литургија го продолжуваме делото Христово и секогаш кога го правиме тоа е исто како да го повикуваме и приближуваме Самиот Христос.“

 Затоа постот кој ќе го постиме треба да го завршиме со соединување со Самиот Христос преку светат причест која ќе ја дабиеме на светата Евхаристија – Литургија.

Лесни и благословени постите!

                         автор на текстот: Протоереј Крсте Тасески , Буковска епархија

Ноам Чомски за штетноста од оценувањето и рангирањето на децата и наставниците
Аврам Ноам Чомски (роден на 7 декември 1928 во Филаделфија) е американски …
Зајдисонце – момент кој носи чувство на спокојство и размислување
Во изгрејсонцето уживаат само ранобудните и ја нема секој таа можност во …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…