piano fest naslovna

Со свечен концерт на минатогодишниот лауреат Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц – сопран, од Србија, започна Меѓународниот натпревар Пијанофест 2023.

Натпреварувачкиот дел ќе започне на 9-ти јуни и ќе трае до 11-ти. Оваа
година Пијанофест освен дисциплината пијано и пијано четирирачно,
збогатен е со уште една дисциплина – соло пеење. И во двете дисциплини
учесниците се поделени во категории од 6 години па нагоре, според
возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во
категоријата соло пеење.

Натпреварувачите ќе ги оценува меѓународна жири комисија во состав:
Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и
Катерина Кетковиќ Фидановска – пијано и соло пеење: Анастасија Холц
(Србија), Маја Митровска (Македонија), Александра Коцевска
(Македонија).

Усшешноста на овој натпревар кој по јубилеен 5-ти пат се одржува во
Битола може да се види по заинтересираноста за учеството на истиот.
Имено, оваа година ќе настапат 120 натпреварувачи од 8 земји: Србија,
Македонија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска и Бугарија.
Организатор на натпреварот Пијанофест 2023 е Здружението на пијанисти
и музички педагози “ПИЈАНО“ од Битола.

jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…