Возбудлив втор меч од финалето одиграа Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром во Битола.

ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 82:79 (1-1)

Малку поинаку се одвиваа работите на вториот натпревар од финалната серија од Плеј-офот.

Домашната екипа, бодрена од исполнетата сала „Боро Чурлевски“ се стекна се почетна предност, која на истекот од првата четвртина изнесуваше солидни (20:15).

пелистер 9

На средината од втората, „пелистерци“ имаа уште повисоки (31:23), по што следуваше серија од шест поени на „металците“ за негатива од четири поени (29:33) на нецели три минути пред крјаот на првото полувреме.

„Зелено-белите“ направија уште едне притоск, кој резултираше со враќање на водството (39:31).

пелистер 8

Во продолжението, се очекуваше ново „враќање“ на брабтлеот на трофејот. И успеаја во тоа „сино-белите“ во третиот дел од играта во кој ја надополнија таа не баш ниска негатива.

Имаа егал резултат по 30.минути – (51:51)…

Битолчани подобро стартуваа во четвртината на одлука. Дадоа шест поени во серија, за сосема солидни (57:51) во само нешто повеќе од една минута го натераа Александар Петровиќ да повика тајм-аут.

пелистер 12

Нерешено (65:65), беше и по тројката која ја реализираше Војдан Стојановски на две минути пред крајот

Но со иста мерка врати, Стајиќ, за нова предност (68:65) за предизвикувачот во ова финале. По грешката на Ајви, казни Кесар кој донесе уште повисоки (70:65). Ама Војдан Стојановски уште еднаш погоди за три поени, за нова неизвесност (68:70).

Истиот играч имаше глема шанса да му донесе победа на МЗТ Скопје Аеродром. Но бекот на „сино-белите“ не погоди на две секунди пред истекот на регуларниот дел.

Во Битола мораше да се играат екстра пет минути…

пелистер 11

Во продолжението порасна и нервозата, двете екипи се сменуваа во водството, но уште еднаш, на 22. секунди пред сирената, Дејвис донесе нерешени (79:79).

Во нив, во херој на Пелистер израсна Малешевиќ, кој погоди три слободни фрлања, донесе (82:79), и најмалку уште едно гостување на актуелниот шампион во „градот на конзулите“.

пелистер 5

Третиот натпревар од финалната серија ќе се игра на 7. јуни (вторник), од 18.30 часот, во Скопје, каде домаќин ќе биде МЗТ Скопје Аеродром.

Извор: КФСМ

Претплатете се за новости

You May Also Like

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Том Круз, Дејвид Бекам, војвотката Кејт аплаудираа на нејзините пресуди – Анета Павловска судеше на Вимблдон

Битолчанката Анета Павловска, една од најдобрите македонски тениски судии, судеше на годинешното…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…

Средба после 20 години на ракометарките и стручниот штаб на ЖРК Пелистер

На иницијатива на тренерот Борче Марковски кој работи професионално на Фарски Острови,…