Денеска на стадионот „Петар Милошевски“ под Тумбе Кафе младинките од женскиот фудбалски клуб „Атлетико“ ја прославија шампионската титула предводени од нивниот тренер и сопственик на клубот Никола Гелевски.
На големата прослава која започна со ревијален натпревар и продолжи со интересни содржини и изненадувања за публиката, заврши со доделувањето на пехарот од страна на делегација од ФФМ.
„Шампионки во категоријата Младинки девојки кои се родени 2006-2007-2008 година. Имаме извонредна сезона од 22 кола изиграни, победивме на 20 натпревари, а на 2 натпревари изигравме нерешено, без ниеден пораз. Гол разлика 125 голови дадени и само 6 голови примени, една одлична статистика на секој натпревар дадени по најмалку 5 голови за девојки кои имаат по само 14-15 години. Инаку оваа генерација на девојки две години во 2019-2020 год. и во 2020-2021 година беа Шампионки во Кадетки, а сега и трета титула по ред во 2021-2022 година станаа Шампионки во Младинки. Следната сезона исто така атакуваме на шампионска титула пак во Младинки и со генерациите 2007-2008-2009 година родени каде што имаме исто така одлична екипа“, изјави Никола Гелевски претходно во интервју за Читај бе.