Во Вселенската патријаршија во Истанбул, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан заеднички ја одржаа првата Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква.

12062022 Kovacevski Vselenska Patrijarshija 10

Сослужувањето на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар, Истанбул се одвиваше и на македонски јазик, што претставува голем историски момент.

црк

Во беседата што ја одржа на крајот на Синодалната и Патријаршиската литургија, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, се обрати кон граѓаните и кон делегацијата на Владата на Македонија, предводена од премиерот Ковачевски, и ја нагласи големината на дарот за верниот народ на празникот Педесетница со кој црквата во нашата земја станува еднаква со сите други во православниот свет.

12062022 Kovacevski Vselenska Patrijarshija 8

Веруваме дека овој настан значи потполно разбирање од ваша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон вашиот народ, но и за одговорноста која ја понесувате, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет. Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и Кој ги лекува раните, Кој ги надополнува човечките недостатоци, Кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за Црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу Епископите на Источната Света Христова Црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин – рече во беседата патријархот Вартоломеј.

вар

-Упорно ќе работиме и трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Но ве молиме не заборавјте нѐ и помагајте ни да растеме. При вас се принадлежностите и правата и имаме полна доверба во вас, рече во својата беседа архиепископот Стефан.

стеф

На денешната заедничка литургија, му претходеше предавањето на Патријаршискиот и Синодален акт за прием на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

12062022 Kovacevski Vselenska Patrijarshija 7
12062022 Kovacevski Vselenska Patrijarshija 6

На крајот од петчасовната заедничката литургија меѓу Вселенската патријаршија и Македонската православна црква отелотворена во Охридската архиепископија, Патријархот г. Вартоломеј и Архиепископот г. Стефан се прегрнаа.

все

Одлуката на патријархот Вартоломеј и на Вселенската патријаршија е историски настан со кој конечно се стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…