Денес во кристалната сала на КИЦ – Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата „Македонија памети, никогаш да не се повтори!”

349151349 259952819924030 9027552248371601301 n

Изложбата ја изготвија Државниот архив и Институтот за национална историја во соработка со Државниот архив на Македонија – одделение Битола. Директорот на Архивот во Битола Гоце Стојановски ги претстави 19-те паноа со над 100 фотографии.

349299196 1313128946302508 6261021659614137249 n

Оваа изложба беше дел од комеморативните настани по повод 80 годишнината од депортацијата на македонските Eвреи во концентрационите логори за време на втората светска војна, поточно на 11-ти март во 1943 г. од страна на бугарските окупатори и фашистички сојузници.

349516307 1396063824561167 2816655109684094734 n

“Изложбата дава една ретроспектива на настаните пред воениот период и за време на воениот период. Тоа е една сеопфатна анализа на настаните кои се случувале тој 11-ти март како еден од најцрните денови во поновата македонска историја или најцрниот ден на изминатиот век. Изложбата со посебно задоволство ја отворам во Битола, бидејќи денес прославуваме 69 годишнина од постоењето на Битолскиот архив. За јавноста ќе биде отворена до 31-ви мај. Фокус група за оваа изложба ни се основците и средношколците, еве и еден апел за професорите по историја да обрнат поголемо внимание и да дојдат да ја погледнат оваа изложба” -изјави директорот на Државниот архив во Битола, Гоце Стојановски.

349283670 976963800385770 8273618168755068465 n
349349246 1465220930915360 3542110956809283032 n
349494300 565119615798191 6787416928053863068 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…