Вечерва, во рамките на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, беше отворена годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола.

длуб 7

На годинашната изложба се презентирани педесет и шест дела, слики, графики (во техника сува игла и дигитална графика) и скулптура (релјеф) од четириесет и еден автор од Битола, како и од други македонски градови. Изложбата, на тој начин, доби во својата стилска разновидност и свежина што е карактеристично за делата изработени во 2021-2022 година од автори кои припаѓаат на помладите генерации, што е нормален процес на промена со текот на времето.

длуб 8
длуб 6

Стилскиот дијапазон на определувања ја опфаќа апстракцијата, знаковното сликарство и графика, разните видови пејзажи, творби со белези на надреалност и фантастика, како и неколку видови фигурација со примери на психолошки осмислено портретно сликарство.

длуб

Изложбата ќе трае до 28 јули, а може да се посети во работни денови од 9 до 16 часот, а во сабота до 14 часот.

длуб 2

И оваа година се доделува наградата за најдобро ликовно остварување ,,Борислав Траиковски”, познат сликар експресионист, клучно име на битолската ликовна група ВДИСТ од 1955 година. Оваа награда се доделува од 2007 година како признание за уметникот  Борислав Траиковски, избран за прв претседател на ДЛУБ.

длуб 4

Членовите на комисијата, во состав проф. д-р Владимир Величковски, м-р Лилјана Христова и г-н Никола Главинче ќе имаат можност да го одберат најдоброто дело од годинашнава изложба на ДЛУБ“, вели проф д-р Владимир Величковски, за изложбата која е дел од БИТ ФЕСТ.

Автори на изложбата: Душан Шешиќ. Димитар Димитров, Синиша Кашавелски, Матеј Богдановски, Васко Ѓоргиев, Владимир Младеноски, Маја Ковачевска, Дурмиш Ќазим, Ване Костуранов, Валентина Илијевска, Вангел Крстиновски, Стеван Цигаридов, Петар Кирановски, Игор Стаменковиќ, Стефан Анчевски, Тони Попов, Панде Петровски, Вано Кеков, Елена Ѓорѓиевска, Дејан Макаријоски, Андријана Мациев, Анастасија Петрова-Мушовска , Динко Ненов, Кирил Т. Константин, Илија Маџаров, Стефан Малбашиќ, Ленче Крстеска Јагоридовска, Сашо Блажески, Бојана Артиновска, Димитри Балојани, Слободан Рајчевски, Владимир Илиевски, Александар Поповски (Цанче), Роберт Михајловски, Оливера Лазаревска, Александар Поповски, Татјана Манева.

Гости на изложбата Решат Амети, Љупка Галазка Василев, Славица Милева, Лара Ташковска Ларсон

meblo trejd mialnik
Свети Трифун – празник на лозарите и благослов за бериќетна година
Светиот маченик Трифун – заштитникот на лозарите и празнувањето во Македонија Светиот …
Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
meblo trejd raboti
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…