Споменот на Гоце Талевски ќе продолжи да живее преку неговиот син Павел кој продолжи да чекори по патот на неговиот татко. Младиот живот на Гоце, тапанар во познатата битолска група „Оскар“ за жал, минатата година во мај згасна како последица на коронавирусот. Но, неговиот син, го продолжи неговото дело, воден од неговите совети.

павел талевски

Павел Талевски, кој е средношколец и наскоро ќе полни 16 години, заврши Нижо музичко училиште, отсек ударни инструменти. Тапани свири откако знае за себе – неговиот татко Гоце му беше главниот учител и водич, а сега главна инспирација и сила да продолжи по неговиот пат, со голема поддршка од неговото семејство.

павел талевски

Токму затоа, Павел на 16 април организираше отворен час по тапани во Битола во чест на неговиот татко, Гоце Талевски. Настанот беше помогнат од група Оскар, кафетерија Зрно и занаетчија Вера Попчановска.

t 04
павел талевски

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…