41 издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” Битола [ 23 – 3О.О5.2О22 ] Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола:

Факти:
• 17 школи учесници
• 14 застапени држави
• 6О деца – ликовни уметници
• 85 гости

• 1 посета на Охрид
• 1 посета на битолското село Буково
• 5 работни дена во Битола
• 2О награди за најдобро дело на денот
• 1О награди за најдобар поединец од цела колонија
• 1 награда за најдобар педагошки пристап
• 1 награда за најдобро дете – уметник на колонијата во име на Здружението на занаетчии на Битола
• 1 награда за најдобро школо на колонијата во име на Градоначалникот на Општина Битола
• 1 официјална работна сесија на територија на Генералниот Конзулат на Грција во Битола со реализирани 1О уметнички дела

• 1 посета на Генералниот Конзулат на Бугарија во Битола
• 1 Гран При награда во име на Детско ликовно студи Свети Кирил и Методиј Битола
• 1 Награда Професор Доктор Богомил Карлаварис за животно дело
• 1 Награда ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски за огромен придонес во афирмацијата на колонијата и детската уметност во светот
• 1 Поштенска Марка и Плик за Мал Битолски Монмартр издадени од страна на Пошта на Северна Македонија
• 1 Официјален видео запис од Охрид
• 1 Документарен 45 минутен филм за колонијата и Битола во најава
• 3.5ОО фотографии
• 28О ноќевања
• 1.8ОО оброци

забава – полна стара битолска чаршија – битолчани кои покажаа искрена грижа за секој гостин – огномет – балони – завршно жирирање во објектот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом – многу нови пријателства – искрена љубов и насмевки – по некоја солза – најмлад [ 89 дена “стар” ] учесник на колонијата …
резултат од се горенаведено?
нескромно но создадени 27О уметнички детски ликовни дела за 7 дена кои се на високо професионално ниво во сликарската техника …

финансии? таман! секој си знае дали помогнал или одмогнал. кнап во се – често “те молам за помош” но сонот мирен …

што значи се ова за Битола? е тоа чекаме вие нас да ни кажете …
и за крај …
браво за нас. сите нас! Четири [ 4 ] волонтери и нашата Претседателка Елена Хаџи-Антоновска која веруваше во нас …

Славчо Неделковски, проект координатор на Малиот битолски монмартр









