Во битолската библиотека пристигнаа нови наслови за љубителите на книгата. Една од нив е „Првата жена фараон“ од Полин Геџ.

Таа беше толку убава што сите жени ги засенуваше. Толку интелигентна, што успеа да ги погази сите бариери и стана првата жена фараон – во земјата каде што само мажите имаа право на власт.
Хатшепсут е најмладата ќерка на фараонот. Таа, иако мала, има големи соништа и како расте така верува дека е предодредена за нешто големо, кое ќе ги помести границите на нејзиниот сакан Египет и сето тоа да го изведе без војување. Таа самоуверено верува во тајните патишта на нејзиниот ум. На само дваесетгодишна

возраст се мажи, а на триесет години останува вдовица. Потоа, таа осознава дека смртта може да промени многу работи – смртта менува сè и прави целосен пресврт во нејзиниот живот. Таа со нејзината способност и умешност регрутира влијателни поддржувачи и застанува на тронот на Египет – како првата жена Фараон: нејзините зборови значат живот или смрт. Нејзините наредби се претвораат во дела за восхит… Но, иако Хатшепсут владее најдолго на престолот, сепак нејзиното име не се појавува во династичките свитоци, ниту пак се пишува на безброј споменици, изградени во нејзина чест од единствениот човек кој целиот свој живот таа го сакаше.
Историска сага за младата жена која го презеде престолот на Египет и ја совлада војната, која како средство за војување ја користеше интелигенцијата и убавината. Својот живот го живееше по свој критериум и владееше со империјата како првата жена фараон во историјата.

286938052 10160192303603679 2108765204582113232 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Кармен Ексклузив заедно со своите пријатели и клиенти прослави 30 години успешно работење

30 години „за влакно пред другите“. 30 години пример за многумина како…

Грција втора во светот според бројот на најчисти плажи – 581 плажа ја доби ознаката Сино знаме, Халкидики убедливо води

Грчките плажи се меѓу најчистите во светот, а Халкидики и островот Родос…

НЕЗАБОРАВ 2022 Песни за Битола – втор дел (ВИДЕО)

Ако одите во Битола, на Дулие градот ќе ви ги отвори своите…

Новата песна на битолската група „Фаворити“ совршена за првиот свадбен танц

„Ти си ми сè“ е името на новата песна на битолската група…