Негувањето на македонската традиционална музика е вистински предзвик во денешново контаминирано време, но секое време има свои херои.
На младиот гајдаџија Огнен Радуловиќ https://citaj.be/portret-na-mladiot-gajdadzija-ognen-radulovic/ му беше доделена специјалната награда на 50 издание на фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ – гајдарка.
„Оваа награда многу ми значи и ме мотивира уште повеќе да се вложувам и да работам“ – вели Огнен за Читај бе.
Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ е формиран 1974 година од македонскиот, а светски признат гајдаџија Пеце Атанасовски и етномузикологот Живко Фирфов, Илија Лашкоски и други ентузијасти, во Долнени и Прилеп се одржа првиот регионален натпревар во гајда. Со поддршка на тогашните институции, натпреварот прерасна во Републички фестивал на народни инструменти и песни „Марко Цепенков„. По смртта на Пеце Атанасовски во 1996 година, со одлука на Советот на Фестивалот, Фестивалот го носи името на неговиот основач и е регистриран како Фестивал на народни инструменти и песни „ Пеце Атанасовски“. Овој Фестивал е единствен во земјава и на Балканот, и главна задача му е да ги сочува од исчезнување древните и драгоцени вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворните народни песни.
Огнен Радуловиќ постојано позитивно ја изненадува публиката, а ниту стручното жири не ги остава рамнодушни .
Во септември, Огнен продолжува во осмо оделение во ОУ „Крсте П. Мисирков“ – Бистрица, дотогаш летниот распуст ќе го помине работно на веќе закажаните концерти и настапи.
Следува отворање на Меѓународниот фестивал „Илинденски денови“, традиционално фестивалот го отвора КУД „Илинден“ од Битола, чиј член е Огнен.