Младите музичари од Битола, Павел Талевски (тапани), Димитар Србиноски (клавир), Јован Ристевски (гитара) и уште неколку членови, после напорниот труд и секојдневните вежби, тренинзи и пракса, одлучија да формираат сопствена музичка група „Еверест бенд“ чија главна цел ќе биде промовирањето на забавната музика и креирање енергична атмосфера на вечерните забави, концерти и други специјални пригоди. 

301212264 1057240881441354 3497246409617290670 n

Првиот и официјалниот настап на групата, на овие талентирани музичари, ќе биде одржан на 10.09, во „Вино Бар Буре”, во Битола, каде што ќе можат да присуствуваат сите оние кои сакаат да се опуштат и да уживаат во забавната музика, а воедно и да ги подржат овие таленти во остварувањето на замислената цел.

За подетални информации во однос на подготовките и целиот процес имавме можност да поразговараме со Павел Талевски, тапанарот од Битола, кој за Читај бе, вели дека во проектот се вклучени и некои од познатите, битолски музички ликови.

Читај бе: Павел, колку време ви беше потребно за ваков, навистина голем чекор и како течеше целиот процес на подготовка?

Павел: Секој почеток е тежок. За формирање на музичката група беа потребни секојдневни подготовки кои траеја по неколку часа. Сепак, после вложениот труд, успеавме да го претвориме навидум невозможното во возможно.

Читај бе: Која беше главната мотивација и како дојдовте до идејата за формирање на музичка група?

Павел: Заедно со гитаристот, Јован Ристевски, веќе долг период свириме заедно, па така дојдовме до идејата за приклучување на уште неколку членови, исто добри и квалитетни музичари, меѓу кои и клавијатуристот. По одржани неколку проби заедно одлучивме да се препуштиме целосно во оваа работа и да формираме бенд, односно музичка група.

300666486 592948618960404 6766662985718616823 n

Читај бе: Што е тоа кое ќе ве прави поразлични од останатите постоечки, музички бендови и според тебе што и е најпотребно на Битола кога зборуваме за добра музика?

Павел: Според мене сите бендови имаат свој начин на изведување на музиката која ја обработуваат. Ние како нов музички бенд освен што функционираме како колеги, воедно сме и многу добри другари. Мислам дека нашата блискост е главниот клуч за успех и сметам дека блискоста помеѓу членовите на еден музички бенд е далеку позначајна од средбите само на проби или свирики. Ова би било едно од нештата кое на некој начин би не правело поразлични од останатите.

Читај бе: Кои се вашите понатамошни планови, што ни подготвувате во блиска иднина и колку верувате во новозапочнатиот музички пат?

Павел: Стапуваме на сцена со силна верба за успех и подршка од нашите сограѓани. Во план се неколку свирки за кои дополнително ќе бидат објавени термините на нашите инстаграм профили.

Читај бе: Освен тапанар, пијанист и гитарист, имате ли други членови со одредена музичка позиција?

Павел: Имаме уште неколку дописни членови, а се очекува да ни се приклучи и еден басист.

300516001 481762163791663 8409933084122722479 n

Читај бе: Имавте ли некаква помош во текот на подготовките или се подготвувате сами?

Павел:  Имавме помош од наши колеги, музичари, меѓу кои и некои од најголемите музички ѕвезди, кои пак, со задоволство не советуваа и ни помогаа во текот на целиот процес.

Читај бе: За крај би сакала да им препорачаш нешто на нашите читатели со кое ќе ги мотивираш да дојдат и да ви дадат поддршка на првиот настап.

Павел: За крај би сакал да им препорачам на читателите да ја сакаат и да ја негуваат македонската музика, а ние како музичари сме должни да ја презентираме во најдобрата верзија.

meblo trejd kupatilo

    Тој што зборува лошо за тебе е изгубен во сопствените рани
    Тој што зборува лошо за тебе — не го прави тоа затоа …
    Дали навистина знаеме што сакаме?
    – Во ерата на избори без јасна желба.  Постои една фраза што …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

    Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…